Четврта година по ред 1/4 финалето е максималниот дострел на тимот на МЗТ Скопје на куп завршницата. Втора година по ред домаќинот го зема скалпот на “штрковите“

Тренерот Александар Петровиќ е изненаден од невидениот пад на екипата:


-Со нас нешто чудно се случува има евидентен пад во екипата, провавме со шут да ја нападнеме зоната но не успеавме. Нашата игра беше хаотична, а дел од играчите требда да се замислат и на нивиот однос, МЗТ како клуб не заслужил ваков однос од играчите.Ќе направиме повторна анализа но нешто дефинитивно треба да се менува.

М.П.