Македонската кошаркарска репрезентација до 20 г не успеа да стигне до посакуваната победа и пласман меѓу најдобрите осум на ЕП – Б дивизија во Охрид.
Краткиот рок за подготовки, неиграње на ниту еден пријателски натпревар во пресрет на првенството, серијата повреди како и неискуството ја оддалечи нашата селекција која е најмлада на шампионатот од натпревар во разигрувањето.
– Мора под итно да се превземат многу работи како во клубовите така и во репрезентацијата, доколку сакаме да ја видиме Македонија како победува на ваквите натрпреварување. Тринеделни подготовки без ниту една контрола се премалку за добра презентација на вакви натпреварувања, каде селекциите кои доаѓаат тука имаат по три четири месеци подготовки – смета селекторот Александар Петровиќ.
Македонија претрпе четири порази во четирите натпревари во групата со што се најде во плеј аутот од Евробаскетот, згора на тоа немаше натпревар на кој не загубивме една кошаркарка поради повреда.
– Ние во изминатите три недели работевме напорно , по пет шест саати дневно поминуваме в сала, за што подобро да се подготвиме. На сите натпревари го дадовме нашиот максимум кој видовте до какви резултати не донесе, но тое е верувајте ми нашата реалност. Слабото првенство си го зема данокот, покрај неискустовото, нашите девојки немаат километража, немаат натпревари во своите нозе, нема агресивност. Па Словачка благодарение на нивната агресивна игра и контра постигна лесни 30 поени, а загубиме со 34 – додава селекторот
Петровиќ смета дека треба да го искористиме моментот што поголемиот број македонски кошаркарки играат во американските колеџи, па оние преостанатите би ги пратиле таму и нашата селекција далеку подбро би се подготвила за ваквите натпреварувања.
– Има за се решение, треба добра воља и добра организација, оваа екипа има осум кошаркарки кои играат во Америка, па нивните колеџи ќе не примат да се подготвуваме таму.
Петровиќ се заблагодари на подршката и условите кои му ги обезбедила КФМ во минатиот период, но не потврди дека ќе остане да работи со оваа талентирана селекција.
– Јас сум со репрезентацијата на месец дена тука и подготвен сум да направам програма по која потоа би останал некој да работи со овие девојки. Моите амбиции се во машката кошарка, но доколку најдеме заеднички јазик и постигнеме договор мене нема да ми е проблем да работа паралелно и во селекцијата и во клубот. Задоволен сум од соработката со моите помошници и сметам дека треба да му се даде шанса на мојот помошник Владо Ѓоровиќ- завршува Петровиќ
Вардар го совлада Охрид 33:31 во дерби натпреварот од 3 коло од Супер лигата Вечерва во Скопје „Гладијаторите“ бодрени од верните „Рибари“ одиграа неизвесен натпревар во кој на крај победа славеше ...
Во Втората фудбалска лига викендов на програмата е 5 коло ГФК Охрид Лихнидос, попладнево на СРЦ „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Кожуф од Гевгелија која во моментов е лидер на табелата со...
Викендов се игра третото коло во ракометната Супер лига Екипата на Охрид му гостува на Вардар во Скопје Натпреварот се игра денеска од 18:00 часот во арената „Борис Трајковски“ По првите две кола О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.