Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска имаше работна средба со раководството на СВР Охрид, на која главна тема беа претстојните парламентарни избори на 15 јули.
Како министерство се соочуваме со нов предизвик, а тоа е организирање и спроведување на фер и демократски избори и јас сум уверена дека и оваа задача успешно ќе ја завршиме. Ве повикувам да го покажете својот личен и професионален интегритет и во постапувањето да се темелите на законски издадени наредби, притоа строго почитувајќи ги правилата на хиерархија и полициско постапување. – рече Петровска.

OhridNews












