Екипата на Струмица во премиерниот натпревар од Купот на Македонија на своја кожа ја осети силата на актуелниот првак МЗТ Скопје.

– Им честитам на кошаркарите од МЗТ Скопје за победата и пласманот во 1/2 финалето. Тие на теренот покажаа дека се работи за екипа која е класа над другите. Ние без Грнчаров и Арсиќ и со доста млада екипа солидно му париравме на македонскиот првак – потенцираше тренерот на Струмица, Слободан Петровски.
Мх.П.










