На Вардар на патека кај Неготина се одржа третото и последното коло од Првата македонска лига во риболов во дисциплината лов риба со јадица на пливка.
Државен првак на Македонија во екипна конкуренција за 2010 година е екипата на СРК „Пец Пец“ од Прилеп, среброто го освои екипата на ЗСР „Вардар“ од Скопје, а бронзата и припадна на екипата ЗСР „Бабуна“ од Велес.
Државни прваци – Пец Пец
Во поединечна конкуренција државен првак на Македонија за 2010 година е Сашо Цветкоски, натпреварувач на СРК „Пец Пец“ од Прилеп, вицешампион е Благоја Цветкоски натпреварувач на ЗСР „Вардар“ од Скопје а со бронзен медал се закити Тони Петрески натпреварувач на СРК „Пец Пец“ од Прилеп.
Во пресрет на последното трето коло убедливо водеше екипата на Вардар од Скопје со две освоени први места во првото и второто коло кои се одржаа на Тиквешко Езеро. Во третото коло сите натпреварувачи на Вардар потфрлија со што се најдоа на последното место, а екипата на Пец Пец од Прилеп ги претекна и со освеното првото место , прилепчани ги освоија двете титули.
Сè е подготвено за второто издание на Adriatic Teqball League (ATL) Најдобрите текбол играчи во светот ќе започнат борба за „јадранската круна“ токму од македонскиот бисер Охрид кој ќе биде домаќин...
Денеска истекува рокот за пријавување екипи за учество на јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта, кој оваа година има рекорден награден фонд од 500 000 денари Победн...
Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре 13 јуни, започнува ИПА вело викендот „На точак Охрид и Струга да видам“ во чии рамки, во сабота, 14 јуни, ќе се одржи ре...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.