Во период кога туристичката сезона е започната ЈП „Билјанини извори“ носи скандалозна одлука за наплата на паркинг на улиците, обвини на прес конференција членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и актуелен советник Кирил Пецаков.
– Зоната А со највисока цена се проширува со што по цела должина ќе се наплаќа на следните сообраќајници-улици: Илинденска, Цар Самоил, Коста Абраш, Кузман Јосифовски-Питу, а покрај нив во Зона А се и јавните паркиралишта на дел од Бул. Македонски просветители, Кеј Македонија, Партизанска, Димитар Влахов, Јане Сандански, стара Автобуска и кај старата стоковна куќа Чинар. Одлуката со проширувањето на зоните особено Зона А значи по автоматизам поскапување на цените за паркинг. – Ввели Пецаков.
Според Пецаков во зона Б нелогично се вметнуваат улици каде што таква услуга никогаш немало.
–Дури се дрзнуваат Булевар Туристичка којшто е магистрален пат да го узурпираат за наплатување паркинг. Во Стариот дел на градот којшто е репрезентативен дел наместо зона без возила сега и трите најпосетувани улици од туристите ќе бидат паркинг и ќе се наплаќа. – истакна Пецаков.
ВМРО-ДПМНЕ го повика Градоначалникот Стојаноски веднаш да побара поништување на одлуката на Уравниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ и истата да не ја става како точка на дневен ред на следната седница на Совет.
OhridNews












