Прекрасен успех на младиот каратист Пеце Наумовски. Репрезентативецот на Австралија во карате го освои првото место на натпреварувањето во САД „ Отворено првенство во карате на САД“ и одличното трето место на Олимписките игри за јуниори кои се одржаа во Лас Вегас.


На 22 април во Лас Вегас се одржаа Олимписките игри во карате за јуниори. Во силна конкуренција Пеце Наумовски ја искачи Австралија дури на третото место освојувајќи бронзен медал. На Олимписките игри меѓу другите држави беа Грција, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Канада, Германија, Италија, Бразил, а учествуваа над 50тина држави од светот, но не и Македонија.

Во многу силна конкуренција Пеце Наумовски се искачи на победничкиот пиедистал освојувајќи го бронзениот медал.Првото место го освои репрезентацијата на Данска а второто Канада.

На 23 и 24 април на „Отвореното првенство во карате на САД“ Пеце Наумовски ја легна Америка на плеќи. На овај шампионат Пеце ја освои златната медаља и највисоко се искачи на пиедесталот. На првенстово Пеце ги покажа своите квалитети и талент со што ги воодушеви светските експерти и љубители на оваа вештина.


Успехот на Пеце го одбележаа сите медиуми на државите кои задоа учество. Малиот Пеце полека но сигурно станува голема спортка звезда. Честитки за успехот на Пеце пристигаат од сите страни, но многу интересно било во Лас Вегас кога Пеце Наумовски после химната на Данска го ставил македонскиот симбол знамето од Кутлеш. Во тој момент инстиктивно и во знак на пријателство кон него истрчале сите репрезентативци и нивните тренери од државите на поранешна Југославија. „ Пат ти си Македонец, зошто не кажуваш“ – радосно запрашале неговите врсници и нивните тренери.

Следната дестинација на Пеце Наумовски е Грција. Од 4-10 јули оваа година ќе се одржува „Младинското светско првенство во карате“. Убава можност за Пеце да го развие македонското шеснаесет зрачно знаме среде Грција.

Ицо Најдовски Перин