Триесет годишна жителка на Белград е петта жртва на мали сипаници, јавуваат српските медиуми. Таа со симптоми на тешко воспаление на белите дробови, што било последица заболувањето од малите сипаници, била примена на инфективната клиника во Белград, каде починала. Не била вакцинирана, а пред тоа немала никакви проблеми со здравјето.

Само во Белград се евидентирани над 700 случаи на морбили, а се стравува дека нивниот број може да биде многу поголем, дотолку повеќе што дури 30.000 деца во Србија не се вакцинирани од мали сипаници.

OhridNews