54-годишна жена е петта жртва во несреќата што се случи на 23 февруари, кога во семеен дом во кумановското село Романовце експлодираше плинска боца. Повредената жена починала на скопските клиники, како последица од тешките изгореници здобиени во експлозијата.

При експлозија на плинската боца животите на лице место ги загубија три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години, а шест лица беа хоспитализирани, од кои две подоцна починаа.

OhridNews