Петтооделенецот Кристијан Војдиноски од ООУ “Кочо Рацин” – Охрид, под менторство на наставничката Виолета Петковска ја освои третата награда на шестиот Таблин меѓународен конкурс Божиќ – Празник радости што се одржа иминатиот викенд во Ниш.
Кристијан беше награден во категорија компјутерски цртеж во конкуренција од 400 творби.Наградата му беше доделена во библиотеката “Старец Никанор Хиландарац” каде беше награден од страна на директорот Драган Маринковиќ Драма со диплома, две книги и божиќно пакетче.
Ова е втора меѓународна награда на ученикот Кристијан Војдиноски.
OhridNews














