Во Полициската станица Струга, вчера, околу 10.40 часот бил приведен 39-годишен холанѓанец поради тоа што во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште.
Тој бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












