Според полицијата инцидентот со случил во вчера околу 01:35 часот, кога обезбедувачот на клубот се посомневал дека девојката е малолетна и и побарал лична карта за идентификација. Тогаш нејзиниот придружник извадил нож и почнал да се заканува со него, а потоа со тупаници го нападнал припадникот на обезбедувањето, кој паднал на земја, и продолжил да го удира со клоци по телото.
Напаѓачот е приведен од охридската полиција. По извршениот алкотест, утврдено е присуство на алкохол во крвта од 1,18 промили. Од него е одземен и нож на преклоп. По расчистувањето на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава против него.