Контроверзната победа на Реал против Елче ја разбранува спортската јавност во Шпанија, а истата, предизвика и препукувања на Твитер помеѓу шпанските репрезентативци Жерард Пике (Барселона) и Алваро Арбелоа (Реал).

„Гледам комедија на Канал Плус Лига… Секогаш е добро кога доцна навечер можете да погледнете нешто забавно“, напишал на Твитер Пике.
„Среќен сум поради освоените бодови. Драго ми е што од театар некои започнаа да гледаат филмови, секогаш е добро кога ќе направите таква промена“, одговорил на Твитер Арбелоа.
Пике, финишот на мечот во Елче го нарекол комедија, додека Арбелоа само ги потврди обвинувањата на многумина, дека играчите на Барселона се извонреден тим, но уште подобра актерска екипа.
„Макфакс“










