Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике кој ја затресе сопствената мрежа во домашниот пораз од 3-0 од Баерн Минхен смета дека ова била најлошата ноќ за “каталонците“.
– Ова беше кошмар. Не е вопшто лесно да се мине низ ситуација како оваа. Во првиот дел се обидувавме да сториме нешто, но едноставно не одеше. По нивниот гол сите надежи паднаа во вода. Му честитаме на Баерн кој беше супериорен во секој поглед. Нас ни останува да го осигураме триумфот во Ла Лига и да гледаме на наредната сезона. Фактот што најдобриот фудбалер на светот не играше не ги менува многу работите, бидејќи и со него на теренот немаше многу што да се промени – истакна Пике.
Меси само гледач во демолирањето на Барселона
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com