Кинескиот воздухопловен регулатор го испитува извештајот за тепачка меѓу капетан на авион и главниот стјуард за време на домашен лет.

Кинеската Управа за цивилен воздушен сообраќај соопшти дека многу сериозно го сфаќа извештајот за инцидентот и собира дополнителни податоци.

Секој инцидент што ја загрозува безбедноста на летот ќе се третира строго според законот. – се наведува во синоќа објавеното соопштение на Управата.

Кинеските медиуми јавуваат дека за време на летот на компанијата “Донгаи ерлајнс“ на 20 февруари дошло до тепачка меѓу две лица од персоналот на авионот.

Капетанот на авионот се налутил кога излегол од тоалетот и видел како патник од прва класа чека пред него и го обвини стјуардот дека не ја исполнил својата должност и обезбедил патникот да чека на своето место. Двајцата потоа, наводно, се степале, а стјуардот имал скршена рака, додека капетанот скршен заб, пренесува „Миа“.

Авионот тогаш бил оддалечен околу 50 минути од својата дестинација во централниот град Сијан, по полетувањето од крајбрежниот град Нантонг, во близина на Шангај.

„Донгаи ерлајнс“ преку соопштение изразува извинување за инцидентот и наведува дека ги преиспитува безбедносните протоколи. Во него, таа додава дека инволвираните лица во инцидентот се суспендирани, но не дава повеќе детали за настанот.

OhridNews