Екипата на Милан продолжи со успешните резултати сезонава, победувајќи го Торино на пенали (5-4) во 1/8 финалето од Купот на Италија. Комбинираниот состав на „росонерите“ одигра добро, но не успеа да ја валоризира доминацијата во текот на 90-те минути и дополнителните продолженија. Во пенал рулетот херој беше голманот Татарушану кој одбрани пенал во четвртата серија, а „миланезите“ ги реализираа сите пет пенали.

Не можам да не бидам задоволен од играта, бидејќи тоа беше четврти натпревар во рок од девет дена, но никогаш не ни недостасуваше духот или интензитетот. Штета што не победивме за 90 минути, но сепак го покажавме нашето ниво, бидејќи не е лесно да се реализираат пет од пет пенали. Ние веруваме во нашата сила. Ние секогаш размислуваме позитивно за време на игрите и остануваме фокусирани. – изјави тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

Во четвртфиналната фаза, Милан, силите ќе ги одмери со подобриот од дуелот Фиорентина – Интер, кој се игра денеска во 15 часот.

OhridNews