Пионерите на ГРК Охрид ги совладаа врсниците од Еурофарм Пелистер 2 со 12:21 во финалето од Пионерската лига што се одигра вечерва во Битола.
Трајчески и Колески постигнаа по 6 гола, Спироски постигна 5.
Статистика ГРК Охрид: Николоски П., Николоски Л., Спироски 5, Колески 6, Латкоски, Трајчески 6, Станковски 1, Пројкоски, Атанасковски, Силјаноски 3, Митаноски, Шикалески, Петрески, Ристоски, Јованоски, Пројчиноски.
Претходно во полуфиналето, охридските ракометни надежи беа подобри од врсниците од Вардар.
Убедливиот триумф на пионерите на ГРК Охрид предводени од Наум Бабачев објективната битолска публика го поздрави со громогласен аплауз.
Охрид има светла ракометна иднина!
Фото галерија:
OhridNews