– На гледачите по завршувањето на филмот многу нешта ќе им бидат појасни. Сметам дека токму откривањето на одговорите може да предизвика различни реакции кај одредени луѓе, вели Пиперкоски.
Филмот е сниман на две локации – во Охрид и Израел, каде минатогодишниот фаќач на светиот крст замина со своите другари на наградно патување, финансирано од страна на минатогодишните кумови на манифестацијата.
Филмот, како што објаснува Пиперкоски, отскокнува од вообичаените рамки и претставува вистинска авантура во која гледачот патува задно со херојот на денот, оној што го фатил крстот.
По новогодишните празници Пиперкоски планира филмот да биде испратен на неколку филмски фестивали.