На „прошталниот“ натпревар на Каха Каладзе настапија неговите пријатели против екипата на Милан. Тимот на “росонерите“ беше составен од фудбалери кои настапуваа со Каладзе во минатата декада. Шоуто како и порано го украдоа Филипо Инзаги и Андреј Шевченко кои ги постигнаа головите за Милан. Со двајцата напаѓачи во тимот “росонерите“ два пати ја покорија Европа 2002 и 2007 година и постигнаа многу значајни погодоци за тимот кои навивачите долго, долго ќе ги паметат.

Мх.П.