Со полагање ловоров венец и свежо цвеќе на бистата на Григор Прличев денес продолжи манифестацијата “Прличеви беседи”.

Во име на Друштвото на писатели, за животот и делото на Прличев зборуваше писателот Видое Видически, кој истакна дека преродбата без Прличев  немаше да се оствари со таков интензитет, а културата ќе беше многу посиромашна без делата „Сердарот“ и “Скендербег”.


Во чест на Прличев, во неговата спомен куќа, попладнево се одржа културно- уметничка програма на која учествуваа млади музичари и поети, ученици од ОУ „Григор Прличев“ кои рецитираа стихови од наградените творби на литературниот конкурс распишан од страна на училиштето.


“Прличевите беседи” продолжија со традиционалната “Прличева визита” во Градската библиотека, а во Центарот за култура „Григор Прличев“, основното училиште што го носи името на Прличев ќе го одбележи патрониот празник.

OhridNews