Тој пред учениците и вработените ќе се претстави како автор и препејувач на поезија за деца и млади, но и ќе одговара на прашања поставени од присутната публика.
Тоде Илиевски има објавено осум книги, од кои последната „Липов чај“ (2009) е наградена со наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија, а е автор на повеќе од 500 препеви – песни од словенските јазици.