Повод  за моето писмо на вашиот портал е објавениот натпис дека рестриктивните мерки ќе ги зголемат проблемите во охридското угостителство уште повеќе.
Како граѓанин сметам дека тоа е мачкање на  очи и дека во локалната самоуправа не постои желба да се реши долгогодишниот проблем што ги мачи сите жители на овој град, а мое мислење е дека во локалната нема ниту  капацитет за справување со ваквите проблеми.

Прво:за тоа дека ќе исклучувале струја, вода или други работи од локалната можат да ги лажат само малите деца и луѓето кои не се упатени во законските прописи и во правото воопшто. Ниту ЕВН ке си дозволи таков луксуз да биде тужена од некој субјект заради што тој пречекорил работно време или бил прегласен а тие го исклучиле затоа што можат да исклучат само ако не се платени сметките,ниту пак пазарната или било која инспекција може тоа  да го направи или да  нареди на ЕВН или Проаква.   Мачкање очи.

Второ:не би се согласил со терминот охридско угостителство, само затоа што најголемиот број на објекти кои ги прават проблемите се изнајмени на лица кои не се од Охрид, туку од Скопје, Битола и други градови, и нормално тие воопшто не мислат добро на охридското угостителство туку се во потрага по поголем профит  заштитени од некои локални моќници,на штета на совесни угостители кои мака мачат преку цела година да состават крај со крај,да ги подмират сите давачки кон градот и државата,а во сезона кога тие треба да видат благодет несовесни “угостители “ ги издаваат своите локали на физички и правни лица од други градови кои им прават нелојална конкуренција.

Трето:Ќе се формирала локална комисија од страна на градоначалникот за побрзо решавање на проблемите ???!!!! што може да реши комисијата за поплаките од граганите, ќе речат: да има пречекорување на работното време, да има преголема бучавост, да има нарушување на јавниот ред и мир. И оп толку, ништо друго,ниту можат да санкционираат,ниту можат да затворат објект ниту да влијаат на угостителите да работаат согласно законските норми. А ако го прашате градоначалникот ќе ви рече формирав комисија обратете се таму,”бриго моја преџи на другога”,класично мачкање на очи. Не џабе се рекло ако сакаш нешто да не се реши формирај комисија.

Четврто:полицијата ќе патролира во зоните каде има најголемо нарушување на јавниот ред и мир, и најголема фреквенција, пази богати, многу се изуплашија “угостителите”, па полицијата во денешно време само констатира ништо друго. Во една прилика бев сведок на настан на кој полицаец му се извинува на сопственик на кафе бар зошто дошол да го предупреди за прегласна музика која уредно беше пријавена од вознемирени граѓани, за каква полиција зборуваме???!!! Мачкање очи.

Петто:викаат дека ќе се работи до 1 часот по полноќ, во ред се согласувам и мислам дека со оглед на висината на казните и глобата за  пречекорено работно време оваа мерка ќе се почитува но зошто велите дека е рестриктивна???!!!! Напишавте дека угостителите се жалат дека тоа ќе придонесе за затворање на угостителските објекти, па под угостителски објекти не се само кафе баровите, каде се ноќните клубови кои плаќаат скапи лиценци а работаат само 2 часа  дневно од 3 до 5 часот наутро, наспрема кафе баровите кои работат 18 часа дневно, нели ноќните клубови се во подредена незавидна положба, нели ако и тие не работат и тие треба да отпуштат вработени  да затвараат, или тие не се угостителски објекти???!!! Зарем за нив тоа не е рестрикција???!!!! Од кога само сопствениците на кафе баровите се подразбираат угостители???!!!!

Господо од локалната самоуправа, не мачкајте очи туку сработете  нешто од корист на сите граѓани.

Драги  туристи

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ОХРИД

каде пишаните правила никој не ги почитува а непишаните се практика.

Авторот познат на редакцијата

*Ставовите изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.