
Можеби некој ќе рече: Ова не им одговара на учениците што се научени да добиваат подарени оцени, а исто така и на професорите кои не си ја извршуваат својата работа. Ќе ги побијам ваквите мислења и грди навредливи зборови кон нас и кон нашите наставници кои несебично се вложија во нас. Целта на екстерното е да се оцени објективноста и некорумпираноста на професорите? Преку нас ли треба да им се оцени објективноста? Децата па и родителите се научија да бараат само петки, како да се тие единствени оценки, заради критериумот за упишување во средното образование.. Таму е проблемот… Зошто за упис да се бараат петки? Зошто да не се бара знаење? Нека ни дадат еден уписен тест и готово.. После.. Колку што сум јас запознаена со ситуацијава, на професорите им делеа совети од стручните во министерство, да не оценуваат како целосен карактер и ученик.. Шо потреба јас да седам мирна на час и да бидам активна, правејќи проекти и пишување домашни задачи? Ќе си лудувам на час, нема да ми влијае на оценка, дома ќе си ги учам лекциите и на крајот екстерни ќе полагам! Треба некој од кабинетот на министерот да се заинтересира за структурата на човечкиот мозок и меморија. По 13 предмети јас треба се да знам? Во септември, кога ме оценувал наставникот за дадената материја, сум ја знаела. Како може таа материја јас да ја знам за петка, после 8 месеци поминати?Факт е дека материјалот што се учи во Македонија е преобемен. Учениците учат работи кои нема да им се потребни никогаш повеќе во животот, ни на квиз нема да најдеш прашање што е олигосахарид.Сакаат да го зголемат стандардот на образованието, првин треба да се направат адекватни учебници, професорите да се обучат за работа на компјутер, дури потоа кога ќе се учат 3-4 предмети кои навистина ќе ти требаат понатаму во животот е тогаш дури треба да се воведат овие тестови, кои нема да звучат така страшно. Тоа е проблемот во нашава Македонија, никој не сака да почне од почеток, сите мислат дека ако прескокнат неколку чекори, се ќе биде добро.. Е, нема да биде.Не е тешко да се пребара по интернет и да се најдат неправилности во целава ситуација.
Член 14 од Правилникот за ектстерно оценување:
Учениците најдоцна еден месец пред започнувањето на проверувањето се запознаваат со постапките за екстерното проверување. Претседателот на училишната комисија се грижи за правилно и навремено информирање на учениците.
Сите кажаа, дури мислам дека и министерот даваше некаква изјава, дека во петокот, на 8ми Мај беа објавени конкретни информации за полагањето! Дајте бе мислете и на нас, не мора ние да сме експериментални глувчиња. Престанете со кажување: ,, добро,, и застанете во одбрана на својот интерес!Е, не .. Конформитистички ќе седиме и ќе им се умилкуваме на моќните! Затоа е опадната продажбата на лижавчиња во Македонија .
Катерина Петреска VIII1
О.У ,,Христо Узунов,, – Охрид
Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на „Ohridnews“ и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.
Од редакцијата












