Едно од најстарите македонски автопревозни  претпријатија , охридски “Галеб”,  ги изненади сите  свои конкуренти во јавниот превоз, ги разочара  такси-превозниците, ја  победи“логиката”, но , за среќа, најпријатно ги изненади патниците:ГИ НАМАЛИ СВОИТЕ ЦЕНИ ЗА  РЕЧИСИ  50 (педесет ) отсто  и тоа токму кога медиумите највија нов пораст на цената на горивото!


По подолго размислување и заземање “стратегија на изненадување’, “Галеб” одлучи да  ги намали цените на билетите на  сите свои приградски релации на кои сообраќа,  освен на меѓуградските линии. Цените  се најпривлечни досега и колку за илустрација: еден  билет од Охрид  до Косел чини САМО 20 ДЕНАРИ. Месечниот билет е САМО 600 ДЕНАРИ!


Билет до Пештани е САМО 30 ДЕНАРИ, а месечен билет – САМО 800 ДЕНАРИ!
Со вакво “слатко” изненадување  се и другите  цени на  билетите за другите приградски населби!  

Колку сето има логика по новите поскапувања на горивата – тоа, допрва ќе видиме, но као и да е , потегот на “Галеб” е за пофалба.


Дали тоа  градоначалникот на Охрид  ја копирал и понудил еко-пораката на скопскиот градоначалник СИТЕ ВО АВТОБУСИТЕ  НА ЈАВНИОТ  ПРЕВОЗ….и тоа допрва ќе го  откриеме, но како и   да е: превозот од денес е џабе…се разбира, ако има каде да патувате!!!!

БРАВО ЗА “ГАЛЕБ”  ! НАВАЛИ, НАРОДЕ:  ВОЗИ МИШКО*!!!!

ДИМ ДОН