Писма: Зошто да е едноставно кога може да биде сложено
12.02.11 09:15
Како по правило, по долгиот период за да се среди една улица со тротоар и асфалт, а тоа подразбира целокупно спроведување на каква и да било мрежа (струја, канализација, вода, телефон и сл.) под земја, се случува некој да го расипе и така тешко остварливиот резултат за средување на хаосот низ градот. Така добро познато е дека инсталацијата на мрежите се спроведува не заедно туку поединечно, т.е. откако ќе се асфалтираат улиците, а не ретко тоа е пропратено со уште една работа, а тоа е дополнително инсталирање бандери. Поточно кабелските телевизии се одговорни за тој хаос со оглед на тоа што сите знаеме дека електричната, телефонската, водоводна и канализациона мрежа се конечно под земја. Целиот град е преплавен со бандери кои спроведуваат кабли за телевизија и интернет.
Конкретно улицата „Пере Тошев“ долго време се приготвува за асфалтирање, поставени се и тротоарите, што значи прашање на време е нејзина реализација…Кабелските оператори без повод и најава поставија бандери и спроведоа кабли до сите станови и куќи посебно без најава и одобрение, така што моментално местото наликува како жичарница во скијачки центар. Се тоа би било во ред доколку по асфалтирањето на улицата не им текне на истите да ја ископаат така тазе ново изградена и последиците да се ровови кои ке се полнат со вода и ќе станат огромни дупки. Дали некој одговара за овие работи?Дали постои некаков закон, некаков стандард?Никој не е заинтересиран…сепак пожелно би било да се види за што станува збор имајќи предвид дека сме во 21 век во 2011 година.
Александар П.
*Ставовите изнесени во рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.
Во тиражниот кинески весник Macao Daily News (Макао Дејли Њуз), во додатокот за литература и култура „Огледално море“ (Mirror Sea / 鏡海) на една страница се објавени песни од македонскиот поет Славе...
Водата во Струга e забранета за секаква употреба откако е констатирана висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид пока...
Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид од вчера утрината е без електрична енергија Студентите доцна синоќа реагираа дека нема греење, прекинот е во целиот дом и дека немаат информација кога ќе се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.