Охридскиот стратег на клупата од Охрид, Горан Андоновски со писмо до јавноста се огласи за дерби пресметка со Струга во Првата машка ракометна лига. После мечот Андоновски поднесе оставка и со сигурност нема да се врати до крајот на сезоната.

–  Натпреварот беше вистинско дерби кој ретко може да се гледа во нашава држава пред околу 3000 гледачи. Немаше посериозни испади дури би рекол дека во текот на мечот понедисциплирани беа гостинските навивачи со фрлање петарди и слично. 60 минути се водеше рововска битка која заврши без победник 19:19. Последниот напад на РК Струга на центарот од теренот беше спречен со малку поагресивен прекршок на нашиот играч Крсте Андоновски врз гостинскиот играч Бојан Белески при што настана мешаница во која што учествуваа играчите и управите на двете екипи. Исто така и покрај бројното полициско обезбедување дел од навивачите на двете екипи влегоа на теренот, но за среќа се заврши без поголеми инциденти. Судиите и делегатот го напуштија теренот без никој да ги малтретира. Од страна на домашната екипа не се вршеше никаков притисок врз официјалните лица.

После се ова што го прочитавме во медиумите што сте изјавиле за Охрид и натпреварот, луѓето кој не присуствуваа на натпреварот ќе помислат дека се играло во Палестина и дека има загинати.

Господине Металари колку го казнавте тренерот на Вардар кога пред цела ракометна јавност и телевизискиот аудиториум ве фаќаше за гуша и давеше. Колку пати само оваа година на натпреварите на нашите две најдобри екипи Вардар и Металург навивачите влегле на терен и како тие две екипи настапуваат со публика.

Судиската двојка Николов и Начевски без да се докажува во Охрид знаеме дека е најквалитетна во државата. Меѓутоа боли тоа што господинот судија Начевски во неколку наврати пред и после натпреварот ги омаловажуваше другите судиски двојки како неспособни. Во текот на натпреварот, него повеќе го интересираше нашата клупа и тренерот Горан Андоновски отколку случувањата на теренот. Единствено не ни забрани да дишеме. Цели 60 мин тренерот на РК Охрид , Горан Андоновски беше мирен (што може да се види од ТВ снимките), а единствениот прекршок го направи во 60 мин кога реагираше импулсивно на судиска одлука, а тоа господинот Начевски олеснително го пречека со црвен картон.

Ако се третираат вака сите тренери од страна на судиите во супер лигата, а камо ли во првата лига натпреварите ќе се играат без тренери. Што да кажам јас, Горан Андоновски за гостувањата во Ринија каде противничкиот тренер доаѓа до нашата клупа и ми ја вреѓаше цела фамилијата. Колку е казнет? Се разбира не е казнет, некој го штити со својот авторитет.
На крајот како резиме сметаме дека се претера со медиумите во негативна смисла за случувањата на овој натпревар, поагресивниот фаул на К.Андоновски се окарактеризира како физички напад, а да ве прашам само како се окарактеризира нападот на нашиот репрезентативец Стоилов врз службено лице во Струмица и колку е казнат?

Со една ваша одлука може да го уништите ракометот во Охрид, единствениот град каде се собира илјадна публика и каде многу се сака ракометот. Тешко е возобновен, многу лесно може да се уништи. Исто така ве молам како Горан Андоновски учесник на европско и светско првенство и човек кој доста дал и дава за ракометот чисто волонтерски да имате во предвид при донесувањето на одлуката за мојот внук К.Андоновски кој е правник,спортист и перспектива за ракометот во Охрид и пошироко.

Горан Андоновски