Живеам во најубавиот дел на Охрид, Плаошник, каде се возобнови најубавата црква на Балканот. Мегутоа околу неа само камења и прашина. На времето тука имаше многу зеленило, нишалки за најмладите, фудбалско игралиште, каде што го поминав своето детство. Сега нашите деца нема каде да играат.

Одамна Охрид се соочува со проблемот на немање на простор, зеленило, игралиште за нашите најмлади, децата, каде тие би го поминале своето слободно време и би го трошеле вишокот на енергија. Во последно време се повеќе и повеќе никнат згради како печурки, но во тие згради ќе живеат и деца. Каде ќе играат?

Убаво е тоа што мислиме на нашето културно – историско минато и градиме цркви и манастири, мислиме на минатото и се вративме на црковното. Но каде е нашата иднина, а нашата иднина се нашите деца. Кога на некоја седница на Советот ќе помислите на децата и нивните потреби. Доста се отвараат кладилници, дај отворите најмодерни игротеки, игралишта. Каде се оние маалски собирања, кошеви под зградите, детскиот џагор…..

Загрижен родител

Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност  за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата