Имено, седмоодделенците од Косел, уште пред шест месеци, а по повод, 3 декември, денот на хендикепираните, упатија писмо-барање до градоначалникот во кое посочија на потешкотиите со кои се среќава оваа наша ученичка, како и нејзините родители кои се секојдневно и постојано од нејзиниот дом во Вапила и за време на сите часови заедно со неа во училиштето во Косел.
Средбата со градоначалникот се реализира вчера, а приемот и разговорот со градоначалникот за Маргарита беше пријатно доживување и таа не ја криеше својата насмевка. Малата Маргарита го поздрави градоначалникот во име на своите соученици и својот одделенски раководител кои се заслужни за оваа средба истакнувајќи ја својата благодарност и возбуда.
-Дојдов да Ве запознам и да споделам убави чувства, – рече Маргарита.
Одделенскиот раководител на Маргарита, професорот Димче Донески, го потсети градоначалникот на потешкотиитее со кои се среќава и училиштето , но и семејството Христоски , при што од страна на градоначалникот беше ветено дека тој ќе ја следи состојбата и дека условите ќе се подобрат.
– Ви ветувам дека ќе го посетам училиштето во Косел и дека ќе преземам неопходни зафати за подобрување на условите , а на семејството Христоски од први септември ќе и биде понудено едно работно место во училиштето, рече градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.