Челси е се подалеку од одбраната на трофејот во Премиер Лигата откако ремизираа без голови на Кревен Котиџ. “Сините“ во градското дерби со Фулам спасуваа “жива глава“, чуварот на мрежата на Челси, Питер Чех го процени ударот од белата точка на американецот Клинт Демпси во финишот на натпреварот.


Челси по одиграни 26 кола е петтата позиција со 45 бодови а зад лидерот во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед заостанува 12 бодови додека Фулам со 31 освоен бод се наоѓа на 12-та позиција.

Мх.П.