Војската на Северна Кореја соопштила дека „немилосрдно ќе ги уништи“ САД, доколку Вашингтон  одлучи да ја нападне“, јавува Ројтерс, пренесува „Макфакс“.

„Ќе преземеме толку немилосрдни мерки пртив САД и нивните вазали што тие нема да имаат шанси да преживеат“, соопштила севернокорејската армија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот до Северна Кореја упати ново предупредување, нарекувајќи ја „проблем“ за кој тој ќе се „погрижи“.

На прашањето дали фрлањето на „мајката на сите бомби“ во Авганистан е и порака за Северна Кореја, која продолжува со развојот на нуклеарното оружје, Трамп рекол дека „Северна Кореја е проблем, а за тој проблем ќе се погрижиме“.

OhridNews