„Пладневно поетско матине“ се одржа во просториите на Национална установа – Библиотека Григор Прличев во Охрид, во Прличевата одаја. Се читаше проза и поезија од пензионери автори од општина Охрид.Матинето го организираше Женски Центар „Бисера“ од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“.

Проектот  е координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

OhridNews