Плакати со содржина против абортусот го преплавија Охрид. Ги има на повеќе локации, а најмногу во центарот на градот. Плакатите не се залепени на места предвидени за тоа, па така можат да се видат на столбовите од билбордите, камените огради, излози, трафостаници, буквално секаде. Дебатата за абортусот која трае подолго време предизвика силни полемики и поделеност во јавноста, а изложувањето на  аргументите за и против, како во случајов, оди до крајни граници.


Плакати против абортусот го преплавија Охрид

Ohridnews