Не е прв пат трската во охридско да биде уништена од пожар. Пред неколку години “ненадејно“ се запали трската во Студенчишкото блато, а такви инциденти постојано се случуваат на или во близина на приватни имоти.
Научните работници предупредуваат дека трската е од исклучително значење за езерскиот екосистем и природно живеалиште на многу видови флора и фауна, како и дека со нејзино уништување всушност се уништува Охридското Езеро.