По повод  Светскиот ден на животната средина-5-ти јуни членовите на Планинарско – еколошкото друштво „Закамен“ од Струга и оваа година ќе го организираат Планинарскиот марш „Црн Камен 2016“ на планината Јабланица.

Според најавите, маршот ќе се изведе на 5-ти јуни во недела и истиот ќе се одвива до највисокиот врв на Јабланица, Црн Камен, кој се наоѓа на 2258 метри надморска височина.

OhridNews