2011 година, некои уки и знаени Националниот Парк Галичица го направија голем рид, куп од камења и голини.
Секако многу футуристички , занимливо, вистинито и реално.Сепак останува нејасното како нашата држава од 4 % заштитен простор ќе дојде до посакуваните 12% при влезот во имагинарната за нас ЕУ.

Дали сакатењето на Националниот Парк Галичица ќе биде за некој добра компензација или сепак е само тоа само божја волја.Доколку е второто господе простими и простими ги моите гревови во врска со уништувањето на Националниот парк Галичица. Доколку е првото дај му на грешните ум и разум да направат некоја друга компензација со која ќе си ги задоволат страстите.
Било како било останува на крај фактот дека од трите Национални паркови во нашата земја едниот, Националниот Парк Галичица повеќе нема да постои како Национален парк туку само ќе остане во спомените и мемоарите од љубителите на природата и на хартијата која секако секогаш трпи се и никогаш не плаче.
Огнен Достиноски
Претседател на СО на ЈУНП Галичица
*Ставовите
изнесени во рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на
OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.












