Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Данска 33-30 (13-14)  во последната рунда од групната фаза на мундијалот и заврши на четвртата позиција на табелата. Противник на “Македонската фаланга“ во 1/8 финалето ќе биде селекцијата на Германија, која во борбата за првото место ја совлада Франција.

Во првите триесет минути ракометната репрезентација на Македонија беше рамноправен и противник подобар од Европскиот првак Данска.

Македонија предводена од тандемот  Филип  и Кирил Лазаров го контролираше резултатот, а со погодоците од цепелин на Манасков, малубројната “фаланга“ во Севиља експлодираше од радост. На голот во првиот дел брилираше “министерот за одбрана“ Ристовски со девет интервеници.

Сликата не се промени во вториот дел. Во играта “гол за гол“ Македонија беше таа што имаше континуирана предност.

Во 47-та минута се случи пресвртот на мечот, Лазаров го промаши вториот седмерец во серија, Миркуловски заработи  исклучување од две минути, а тоа данскиот состав го валоризираше со серија од 5-0 (30-25).

До крајот на мечот “црвено жолтите“ го ублажија поразот 33-30, и во вториот обид не успеаја да ја совладаат селекцијата на Данска.

По пет голови постигнаа Кирил и Филип Лазаров, голманскиот тандем Ристовски – Митревски искомбинираа 14 одбрани.

Мх.П.