Археолошкиот локалитет Плаошник, и возобновената Свети Климентова црква, Св. Пантелејмон, се вистински магнет за туристите. 

Секојдневно тука организирано или самостојно доаѓаат групи туристи. Посетителите се воодушевени од прекрасниот поглед на езерската шир и древниот град и богатото културно историско наследство. 
Задоволни се и продавачите на сувенири и угостителите во близина, чиј бизнис добро оди со започнување на сезоната.
Во моментов на Плаошник, каде според најавите на надлежните институции ќе биде возобновен Свети Климентовиот универзитет, не се работи, затоа што Управата за заштита на културното наследство го раскина договорот со фирмата изведувач, а новиот треба да биде избран на тендер, за што е отпочната процедура.
Според планот на Плаошник треба да се изградат 23 објекти, меѓу кои музеи, библиотеки, резиденции и друго, a ќе биде подигнат и споменик на Св. Климент Охридски.
OhridNews