Со фалсификувана банкнота платено користење на паркинг. Случајот во СВР Охрид го пријавил вработен во ЈП Билјанини Извори.
На 04.01.2023 во 13.10 часот во СВР Охрид, 52 годишно лице од Охрид, вработен во претпријатието, пријавил дека околу 11.00 часот на неговото работно место во канцеларија на ул.„Партизанска“ во Охрид, едно лице платило користење паркинг со фалсификувана банкнота од 50 евра, информира СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во соопштението.
OhridNews












