Познатата плажа „Немо“ во месноста Горица 3, е урната целосно. Градежна механизација во придружба на овластен инспектор и полициска асистенција, денеска ги отстрани потпорните ѕидови, бетонските конструкции, шанкови и друга партерна и урбана опрема од плажата.

Во меѓувреме дел од сопствениците на шанкови и урбана опрема во Св. Стефан почнаа сами да ја отстрануваат опремата која е листата за извршување, во рамки на акцијата што ја спроведува локалната самоуправа. Таа предвидува отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.

Како што информираше општината, се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.

OhridNews