Плажата „Потпеш“, каде вчера странски државјани организираа свадбена веселба, од денеска повторно ќе биде отворена за сите посетители. Поради тоа плажата вчера во периодот од 16 до 00 часот беше резервирана за гостите на приватната забава.
Менаџментот на „Потпеш“ изразува благодарност за разбирањето до редовните гости и туристите кои од денеска повторно ќе можат да уживаат во препознатливиот амбиентна на плажата во населбата Канео.
OhridNews