Случајот со 22- годишно глувонемо момче од Гостивар кое вчера за влакно избегна смрт вчера во водите на Охридското Езеро на плажата кај Св. Стефан, уште еднаш го отвори прашањето за безбедноста на плажите кои и покрај законските одредби одбиваат да ангажираат обучени спасители на вода.
Дека на плажата во Св. Стефан нема обучени спасители на вода утврдила и контролата на инспекциските служби извршена пред десетина дена, за што биле известени надлежните институции.
-Апелирам до концесионерите да не си играат со човечките животи, а капачите да ги користат само плажите кои што се безбедни. Ние наредната недела заедно со локалната самоуправа и капетанија јавно ќе соопштиме кои плажи се безбедни и можат да се користат за капење, спорт и рекреација. – изјави претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.
До овој момент половина од плажите издадени под концесија на охридското крајбрежје имаат ангажирано спасители на вода, а состојбата на струшката ривиера е уште поалармантна, затоа што само 4 плажи дадени под закуп имаат спасители, предупредуваат од Цвениот крст.
-Ги повикувам концесионерите да обезбедат спасители, не мора тоа да бидат од Црвениот крст, не ги промовираме нашите спасителни служби, напротив велиме да се постават спасители кои што се обучени, кои што ги имаат сите потребни сертификати и кои што можат соодветно да укажат прва помош.-рече Точков.