Министертвото за транспорт и врски на Република Македонија во врска со највеното наддавање за закуп на плажи на охридското крајбрежје,  вчера издаде документ со насоки и упатства околу начинот и условите на закуп. Покрај стадардните ставки односно општите задолжителни услови, Министерството предвидува и посебни услови (за специфични ситуации и услови на одредени плажи).

Охридските плажи се „познати“ по неисполнување на доста услови за да бидат вистински плажи (нпр. ретко која плажа има спасувачки тим, плажите не се добро обележени до каде да се плива, нема или ако има пристанишните објекти се лоши, кабините за пресоблекување редовно се „проѕирни“  итн.) а сето тоа и повеќе е наведено како „МОРА“ во наведените услови од Министерството. Се оди до такви детали што песокта што би се носела мора да биде од точно нагласени географски региони.

„ Постојната песочна површина да се огради во соодветна градежна рамка, да се изнивелира и попесочи со соодветен автохтон  песок (песок и чакал од река Радика, песок од Елешка река јужно од село Гермијан на територија на Република Грција, песок од река Вардар на потег Игуменица – Идомени и песок од пограничниот дел помеѓу Лерин (Република Грција) и Кременица (Република Македонија)“ – стои во една од точките на документот.

Нам најмногу ни се допадна одредбата за поставување бежичен интернет. Сте виделе некого на плажа со лап – топ? Фотографијава е од реклама за компјутери.

С. Костоски