-Песокот со кој се посипуваат плажите потекнува од разни средини и содржи разни микроорганизми односно неафтохтона флора и фауна која ја нема во Охридско Езеро. Поради тоа во последните неколку години се забележителни промените во растителниот и животинскиот свет во езерото, како што се на пример некои нови видови на алги.-се вели во соопштението на СРК Св. Апостол Петар, упатено до медиумите.
Ова риболовно здружение и во минатото имаше упатено слично барање до надлежните служби за да го забранат носењето на песок од секаде. Но за жал на нивните барања не беа земени во предвид.
–Водостојот на езерото моментално е видно зголемен и голем дел од плажите се потопени, а заедно со нив е потопен и донесениот песок. Поради тоа што песокот е повлечен во езерото, со сигурност очекуваме пореметување на целокупниот екосистем. Езерото само се регулира и отстранува многу страни предмети , но микрорганизмите и нефтохтоната флора и фауна не може само да ја отстрани. –се објаснува во соопштението.
Во него се нагласува дека особено е важно да се забрани носењето на песок на плажите во Струга каде што процедурата за распределбата на концесиите е веќе во тек.