Екипата на Струмица многу потешко од очекувањата го совлада Вардар (63-61) на стартот од плејаутот во Првата кошаркарска лига во Македонија.
„Црвено црните“ три четвртини го контролираа водството, но домашните кошаркари со пресврт во последните десет минути го освоија целиот плен.
Со триумфот кошаркарите на Струмица се изедначија со АВ Охрид кој во првата рунда од плејаутот во Кавадарци го преслуша Пелистер со 83-66.
Во следната втора рунда од плејаутот „галебите“ пред своите гледачи го пречекуваат составот на Струмица, додека Вардар ќе се сретне со Пелистер.
Заедно со мечевите од плејаутот започнаа и натпреварите за титулата. Во единствениот натпревар кој се одигра Куманово со 108-103 го совлада тимот на Кожув.
Прва лига: Охриѓани убедливи против Пелистер во Кавадарци ! (видео)
OhridNews