Охридските кошаркари в сабота со почеток во 18 часот против составот на Вардар ќе го одиграат вториот од трите мечеви на домашен терен во серија во рамките од плејаутот.
„Галебите“ со победите над Пелистер и Струмица мирно и сигурно летаат кон опстанок во елитата, а дуелот со „црвено црните“ во „Билјанини Извори“ треба биде уште една пропратна станица.
Избраниците на Петар Чочороски во регуларниот дел од Првата лига два пати беа подобри од скопјани, а сите во клубот посакуваат трета победа и задржување на перфектниот скор во плејаутот.
Покрај овој меч во плејаутот силите ќе ги одмерат Струмица – Пелистер, а во натпреварите за титулата ќе се сретнат Кожув – Фени Индустри, Куманово – Карпош Соколи, МЗТ Скопје – Работнички.
Распоред:
Плејаут: АВ Охрид – Вардар, Струмица – Пелистер
Табела: АВ Охрид 22, Струмица 21, Пелистер 21, Вардар 16.
Плејоф: Кожув – Фени Индустри, Куманово – Карпош Соколи, МЗТ Скопје – Работнички
Табела: МЗТ Скопје 4, Карпош Соколи 4, Работнички 3, Куманово 3, Кожув 2, Фени Индустри 2.
OhridNews