Ново коло нов пораз на Амак СП, кој овој пат на домашен терен во салата “Јане Сандански “ во Аеродром беше поразен од Плејмејкер Кубус со 98-70. На самиот старт гостите го разбија домаќинот со 29-6, по што следуваше рутински да го одиграат останатиот дел од натпреварот. Амак СП по шест одиграни кола има една победа и пет порази.
Резултати 6 коло
Вардар Осигурување – Вардар 2000 92-76
Амак СП – Плејмејкер Кубус 70-98
Работнички – МЗТ Скопје 75-44
Овче Поле – Фени Индустри 72-86










