Една од причините за поразот во првиот квалификациски меч во Загреб, секако беше и недосудената најстрога казна по контакот меѓу Стипе Плетикоса и Горан Пандев. Свирката на израелскиот арбитар не се огласи, а можеше многу лесно да покаже на белата точка.

– Постоеше контакт со Пандев иако тоа не беше толку јак. Тој тргна да изнуди пенал, јас “закочив“ колку можев, но до контакт дојде. Добро е за нас што судијата не покажа на белата точка. – рече хрватскиот голман.