Во организација на пливачкиот клуб Струга, под мотото „Со љубов за Струга“, на градското пливалиште ќе се одржи пливачки митинг.

На митингот се очекува да настапат околу 200 млади пливачи од шест до шеснаесет години во повеќе спортски дисциплини.

Според најавите, на денешниот пливачкиот митинг ќе учествуваат екипи од Охрид, Струга, Битола, Куманово и Скопје. На најуспешните, пливачкиот клуб од Струга ќе им додели медали, награди и признанија.