Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело  „Кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  И.Ч.(28) од Охрид.  
    
Пријавениот, на 25-ти август оваа година, користејќи прилика од дом каде извршувал градежни работи, одзел 10.000 евра.

Истиот ден пријавениот како општ работник бил ангажиран  да врши ископување на плочки во домот на жителка на Охрид. Подготвувајки се за изведување на работата во купатилото, работникот на просторот помеѓу пералната и сушалната за облека, забележал плик во кој, откако го отворил, имало поголема сума пари односно евра во различни апоени. Откако се уверил дека никој не го гледа односно дека нема никој друг во купатилото, пријавениот  ги одзел парите, а пликото го оставил на истото место. По завршувањето на работите за ископувањето на плочките, тој си заминал со неговиот претпоставен од кого бил ангажиран за изведување на работата.
      
Врз пријавениот, извршено е полиграфско тестирање, а по наредба на Истражен Судија во неговиот дом реализиран е претрес каде се пронајдени 1400 евра во разни апоени.
    
Со дел од одземените евра, пријавениот купил товарно моторно и извршил поправка на неговото патничко моторно возило.

OhridNews