Охридскиот боксер Сашо Лескароски изминатата 2012 година имаше забележителни успеси како на клупски така и на репрезентативен план. Лескароски освои златен медал во македонскиот шампионат, најдобар македонски боксер и сребрен медал на “Златниот гонг“. Со репрезентацијата учествуваше успешно на меѓународни турнири во Србија, Бугарија, Турција и Албанија.

– 2012-та година беше мошне успешна за мене и за сите во боксерскиот клуб Охрид иако тренираме во очајни услови. Настапивме на квалитетни меѓународни турнири забележувајќи добри резултати заедно со мојот партнер во репрезнтацијата Бојан Ристевски. Се надевам дека во 2013-та година ќе го повториме и надохнадиме успехот остварен мината – истакна Лескароски.

Охридските боксери Лескароски и Ристевски немаат премногу одмор за прославување на Новогодишните и Божиќните празници. Тие во Бугарија ќе се припремаат за турнирот “Странџата“ кој е еден поквалитетните.

– Тренажниот процес во Бугарија ќе трае 25 дена. Таму со македонската репрезентацијата треба да се подготвиме за еден од најсилните турнири “Странџата“. Сите ние сме оптимисти и се надевам дека Македонија ќе ја претставам во најдобро светло – заврши Лескароски.

Мх.П.